Често поставувани прашања

Дали може порцеланската фасета може да обезбеди подобра насмевка?
Дали шеќерот лошо влијае за вашите заби?
Може ли стоматолозите да утврдат кои пациенти се изложени на ризик од мозочен удар?
Дали постојат било какви чекори кои можат да се преземат за подобра насмевка?
Може ли Bruxism да се лечи?
Кои се придобивките од белите пломби?
Кога треба децата да се однесат на првиот преглед?
Имам забоболка..... Што треба да направам додека да стигнам на заболекар?
Колку често треба да се оди на стоматолошки преглед?
Дали сте навистина она што јадете?
Дали слатките лошо влијаат на вашите заби?
Каков стоматолошки заштитен материјал се користи во мешавината?
Што е ендодонтика?
Што е дентална пулпа?
Што претставува постапката коренски канал?
Што повлекува постапката коренски канал?
Кои се причините да денталната пулпа се оштети или инфицира?
Што ќе се случи доколку инфицираната дентална пулпа не се лекува?
Врската помеѓу заболување на непцата и срцевите болести!
Намалување на стоматолошките трошоци со редовни прегледи!
Спречување на лош здив!
Научете како да се спречи Кариесот!
Забен камен, тартар, гингивитс. Која е разликата?
Интра-Орална Камера
Стоматолошки импланти-Дали сте кандидат?
Стоматолошки Х-зраци. Дали е навистина потребно?
Стоматолошки пополнки.


Дали може порцеланската фасета може да обезбеди подобра насмевка?

Кој не сака блескава и здрава насмевка? Денес во светот на модата, прекрасната насмевка е скапоцено богатство. Привлечената насмевка има моќ да го подобри начинот на живеење, при вработување, поголема самодоверба... Многу луѓе со помош на порцелански фасети можат да го постигнат тоа. ФАСЕТИ се тенки, полупроѕирни школки кои што можат трајно да се постават на предните заби. Ако помеѓу вашите предни заби има празни места, се скршени или оштетени, со непривлечни пломби, обоени или искривени, порцеланските фасети би можело да бидат најдобро решение за да се подобри вашата насмевка. Големи промени настанаја во технологијата и употребата на порцелански фасети во последниве години. Овие промени се резултат на поквалитениот порцелан развиен од страна на стоматолошките истражувачи, како и способноста да се поврзи порцеланот директно до забот. Поставувањето на порцеланските фасети е поконзервативно за разлика од поставувањето круни, при што се отстранува многу повеќе здрава забна структура, за да се создаде простор за круната. Порцеланските фасети изгледаат многу подобро и траат подолго од неговиот претходник (пластичните фасети).На кратко, порцеланските фасети изгледаат поприродно, многу се издржливи и лесни за одржување на нивната боја. Најново, подобра насмевка може да се дизајнира и постави на место со само два стоматолошки прегледи како резултат на напредокот во естетската стоматологија со што е можно да се поправат изобличените и скршените заби, да се пополнат празнините и да се добие блескава насмевка. Одржувањето од ваша страна е едноставно со паста и четка. Не дозволувајте избледената насмевка да го засени вашиот привлечен израз на лицето. Порцелански фасети може да биде еден од најдобриот начин за да се добие привлечна насмевка, веднаш!Всушност, вие можете да ги сфатите порцеланските фасети како "дотерување" на забите. Покрај тоа што е еден од најконзервативните козметички процедури, порцеланските фасети се многу силни, издржливи на напор и напукнување.Преземете соодветна грижа за вашите фасети, и тие можат да ви траат многу долго. Оди најгоре

Дали шеќерот лошо влијае за вашите заби?

Факт е, за само 15 минути после јадењето на слатка храна, леплива супстанца може да се осети на забите. Тоа се вика забен камен. Овој леплив материјал го напаѓа "емајлот", или надворешната прекривка на забите. Без соодветно четкање и чистење со конец за заби, конечниот резултат би бил распаѓање на забите. За жал, шеќерот е застапен во голема мера во нашата исхрана. Во други земји каде што белиот шеќер е помалку застапен, ретки се болестите со забите. Зголеменото конзумирање на овошје, зеленчук и интегрални житарици и намалената зависност од "слатки" не само што ќе го подобри оралното здравје туку исто така има корис за вашето целокупно здравје.Правилната исхрана е еден од најдобрите начини да се заштитиме од кариес. Забите се наменети да траат цел живот. Ќе траат, доколку се грижиш соодветно за нив. Тоа опфаќа четкање и чистење со конец за заби секој ден, комбинирано со редовни стоматолошки посети и добра хигиена со цел да се избегнат орални болести. Оди најгоре

Може ли стоматолозите да утврдат кои пациенти се изложени на ризик од мозочен удар?

Мозочниот удар е еден од главните причини за смрт ширум светот. Ова заболување има огромно влијание врз здравјето на луѓето.Панорамската радиографија (Х-зраци) понекогаш може да се искористи за проценување на чуствителноста на мозочниот удар со откривање на наталожен калциум во каротидните артерии во вратот. Стврднувањето на овие артерии, кои обезбедуваат крв во мозокот, може да биде знак на напредна артеросклероза , главната причина за мозочен удар. Доколку стоматолошките професионалци успеат да откријат кои пациенти се изложени на ризик да доживеат мозочен удар за време на стоматолошката панорамска радиографија (Х-зраци), тогаш овие пациенти треба да ги известат матичните лекари и тие да развијат стратегии за тоа како да се спречи болеста да напредува.Последните истражувања укажуваат на тоа дека стоматолозите треба да го потврдат таложењето на калциумот во каротидните артерии прикажани со Х-зраците, и таа потврда пациентите да ја достават до нивните матични лекари. Панорамската радиографија ги прикажува горните и долните заби, голем дел од вилицата и други структури на еден релативно голем филм.Во анализата се вклучени некои 2750 пациенти снимени во стоматолошките клиники на Универзитетот во еден период од две години. Истражувачите откриле дека околу 5% од пациентите имале стврднување во каротидните артерии.Истражувачите исто така откриле статистичка значајна врска со дебелината.Пациентите кои имаат вишок на килограми, најверојатно ќе имаат каротидно стврднување.Од оваа анализа се заклучува дека панорамската радиографија може да биде корисна дијагностичка алатка за да се идентификуваат некои асимптоматски пациенти кои претходно не знаеле дека можат да бидат изложени на ризик да доживеат мозочен удар. При детекција на каротидното стврднување со панорамска радиографија во стоматолошка ординација треба брзо да се извести матичниот лекар за да се изврши целосен преглед, како дел од целокупната стратегија за превенција. Со редовни посети на вашиот стоматолошки тим, може да се постигне зголемување на шансите за долг и здрав живот. Оди најгоре

Дали постојат било какви чекори кои можат да се преземат за подобра насмевка?

Постојано се прашувам зошто некои луѓе имаат убави насмевки, додека некои се обидуваат, но никогаш не можат да го постигнат истиот резултат? Верувале или не, тајната до блескава насмевка секогаш се едноставни чекори кои секој може да ги направи. Еве пет чекори со кои можете да постигнете поблескава и поздрава насмевка. 1: Оделете малку повеќе време за вашите заби за да им ја дадете грижата што ја заслужуваат. Тоа одзема 2-3 минути соодветно четкање на забите, но повеќето луѓе поминуваат помалку од една минута четкање. Милиони бактерии живеат во нашите усти. Тие се хранат со храната оставена на нашите заби по јадењето, произведуваат киселина која ја уништуваат глеѓта и создаваат шуплини.Правилно четкање за време на тие 2-3 минути може да ги отстрани бактериите (тие повеќе нема да можат да создаваат киселини) од сите забни површини.2: Користете конец за заби. Тоа може да ги зачува забите. Исто така овој чекор се превзема заради заштита од бактерии. Овие мали суштества секогаш се кријат меѓу забите каде што четката за заби не може да стигне. Тие продолжуваат да се хранат со храната која се наоѓа на забите и создаваат киселина која е штетна бидејќи се создава шуплина на забот. Доколку останат доволно долго помеѓу забите, овие бактерии можат да го нападнат и уништат непцето и коските на кои се прицврстени забите.Дневното чистење со конец за заби ги отстранува бактериите помеѓу забите со што тие не можат понатаму да предизвикуваат проблеми. 3: Храната (освен бонбони), кои содржат шеќери или / и јаглерохидрати, вклучувајќи овошје, путер од кикитки, чипс, крекери и суво грозје се лепи на забите и претставува постојан извор за развивање на бактерии. Обидете се преку плакнење со течност да ја отстраните храната. Џвакањето на мастики без шеќер, исто така може да помогне, бидејќи ја стимулира вашата плунка која делува како природна заштита од бактерии.4: Не ги четкајте забите премногу силно. Многу луѓе ги оштетуваат своите заби и непца поради силното четкање. Користете мека четка и паста за заби со флуорид. Со неа со мал притисок можат да се отстранат бактериите, храната и плакот. Силното четкање на забите може да доведе до слегнување на вилицата, чувствителни заби, коренски шуплини и опаѓање на забите. Ако сметате дека вашето четкање на заби е премногу силно, консултирајте се со вашиот стоматолог за да ви покаже како да се четкаат безбедно за да се заштитат забите и вилицата од оштетување.5: Намалете го конзумирањето на кафе и чај. Овие пијалоци создаваат дамки на забите и ја уништува природната бела насмевка. Кафето и чајот можат да предизвикаат мали пукнатини на забите наречени crazes, кои се појавуваат поради проширување и стеснување на забите како последица топла ладна храна.Овие топло ладно циклуси се случуваат кога се пие кафе или чај подолг период и може да резултира во crazes на забите. Оди најгоре

Може ли Bruxism да се лечи?

Доколку се разбудите со главоболка, можеби сте еден од оние несреќни луѓе кои ги стегаат забите во текот на ноќта. Многу луѓе се свесни дека имаат заболување ( наречено "Bruxism"), затоа што често се случува само во текот на ноќта за време на спиењето. Но, стоматологот (за време на редовен преглед) може да го открие ова заболување. Bruxism може директно или индиректно да предизвика многу проблеми. Стружењето може да предизвика забите да станат болни или лабави.Кај некои пациенти може да дојде дури до отстранување на делови од забите,забење на површината или фрактура на глеѓта. Понатамошните истражувања треба да ја утврдат точната причина за Bruxism, бидејќи се смета дека и физичкиот и емоционалниот фактор можат да бидат вклучени. Некои од факторите можат да бидат стресот или пореметеното спиење, абнормалното гризење. Добрата вест е дека постојат голем број на начини за лекување на Bruxism. Стоматологот може да утврди кој третман или комбинација од третмани може да биде соодветниот за вас, доколку страдате од ова пореметување. За да се намали болката во мускулите, може да биде потребна физикална терапија. Ако стресот е главната причина за Bruxism, луѓето треба да најдат начин да се релаксираат. Луѓето кои имаат посериозен проблем со стресот можеби треба да побараат советување или стоматологот може да ви препише мускулни релаксанти за да се релаксираат мускулите на вилицата. Абнормално гризење може да биде причина за стегање на забите и се презема стоматолошки третман кој вклучува отстранување на високите точки на забот. Друг третман вклучува носење на пластични заштитници на забите во текот на ноќта со цел да се заштитат од стружење. "Забната протеза" е отстранлива пластична справа која ги спречува забите да се спојат. Доколку се појави фацијална болка, замор или други проблеми, ве молиме да разговарате со стоматолог доклку мислите дека стружењето на забите причина за тоа. Оди најгоре

Кои се придобивките од белите пломби?

Нашите заби се исто така дел од нашето лице како и нашите очи, уши, нос и кожа. Како такви тие го заслужуваат секое внимание и грижа кое можеме да им го дадеме.Здрава уста е среќна уста и убавата насмевка е симбол на младост, виталност и радост. Модерните стоматологии нудат можност за секој да ужива во предностите што ги нуди здрава и блескава насмевка. Денес превенцијата игра важна улога. Старата поговорка вели "превенцијата е подобра од третман", исто така важи и за нашите заби. Тоа е научен факт дека нашите заби (и мора) да ни траат цел живот. Ние треба само да им ја пружиме негата која ја заслужуваат во текот на нашиот живот.Благодарение на напредокот во модерната стоматологија, забите сега можат да се корегираат и да имаат поголем естетски и физички изглед со помош на "бели пломби". Најпростата форма од белото пломбирање се нарекува мешавина. Таа е составена од композитен кварцна смола и обично содржи некој вид на супстанција која е осетлива на светлина. Овие фотополимерни композити се козметички и најчесто се спојуваат со забот со само една посета. Поради оваа причина, тие често се нарекуваат "поврзувачи". Тие можат да се користат и на предниот дел од забите како и во забите. Овие материјали се достапни во различни нијанси, така што нијансата се избира во зависност од бојата на вашите заби. Кога се поставува бела пломба,стоматологот прво ги отстранува сите распаѓања на забот, го подготвува и на крајот го пополнува. Потоа површината на забот се премачкува со калофониум. Откако ќе се заврши поставувањето, овие композитни пломби се стврднуваат од интезивната светлина за кратко време. Силата на овие пломби е неверојатна.Денес можеме да правиме вештачки спој, па дури и амалгам на забите. Сврзувањето ја зголемува цврстината на овие рестарвации за разлика од претходните. Друг тип на бели пломби се нарекува гравирана пломба. Овие пломби направени од мешавина или порцелан, обично се поставуваат заради поголема естетика. Кога станува збор за цврстината и козметиката, екстра времето и трошоците играат важна улога. За да се зголеми нивната цврстина и трајност гравираните пломби се изработуваат во стоматолошките лабаратории, а се поставуваат за време на вториот состанок. Оди најгоре

Кога треба децата да се однесат на првиот преглед?

Ние веруваме дека првиот стоматолошки преглед на детето е клучен за развој на стоматолошкиот став.Со помош на родителите, стоматологот може да создаде пријатно искуство за децата на кое ќе се сеќаваат. Првиот преглед на децата треба да биде на околу три години, освен ако има очигледни знаци на расипаност на забите или други проблеми. Мало дете да оди во стоматолошка ординација за прв пат може да предизвика вознемиреност.Сепак со користење на правилна техника, стоматологот може да го трансформира вознемиреното дете во пациент кој повеќе не се плаше- дете кое ќе ја напушти стоматолошката ординација со насмевка на неговото лице.Многу стоматолози препорачуваат родителите да разговараат со своите деца пред првата стоматолошка посета. Вие би можеле да им објасните на вашите деца дека "стоматологот ќе им даде возење во стоматолошката столица додека им ги брои забите". Јазикот кој што го употребуваат родителите со децата во врска со нивните стоматолошки посети е важен за создавање на соодветна ментална слика. Зборувајте позитивно за нивната посете, нагласувајќи ги предностите како што се чисти и здрави заби и убава насмевка. Секогаш треба да се трудиме страшните зборови да ги заменуваме со зборови кои ке придонесат за добивање на позитивна ментална слика. На пример: шуплините можеме да ги нарекуваме "шеќерни бубачки" и ги чистиме забите од шеќерните бубачки со "г-дин Свирче". На децата треба да им се зборува со искреност, но соодветна формулација ја намалува плашливоста. Да се едуцират и просветат децата, стоматологот треба да ги запознае со интраоралната камера која оди в уста, а потоа да им ги покаже сликите од нивните заби на ТВ екранот. Во текот на нивната прва посета, децата, исто така можат да откријат многу убави нешта што ги чека во стоматолошката ординација, вклучувајќи игротеки со играчки и игри, како и натпревари во боење, стоматолошки здравствени загатки ... Оди најгоре

Имам забоболка..... Што треба да направам додека да стигнам на заболекар?

Доколку имате забоболка, се надеваме дека овие информации ќе ви помогнат да ја намалите додека да стигнете кај вашиот стоматолог. Забоболката може да го поремети вашиот живот. Забоболките може да се се предизвикани од празнина во забите, апцеси, заболување на непцата, лабави или скршени пломби, храна заглавена помеѓу забите, синуси, траума или иритација како последица на мелење.Симптомите на забоболката вклучуваат остра болка, тапа болка, мачнина или горење. Вашите заби може да бидат осетливи на притисок, топлина, студ или благи работи. Ако вашата забоболка вклучува треска, оток на вратот или лицето, црвенило, оток или крварење на непцата, невобичаено лош здив и покрај четкањето и чистењето со забен конец, вие треба веднаш да закажете посета кај стоматолог.Запомни, повеќето забоболки можат да се влошат ако не се лечени професионално и брзо и може да дојде до посериозни здравствени компликации. Додека да стигните на заболекар, постојат неколку работи можете да ги направите кои ке ви помогнат да управувате со забоболката. А): Користете забен конец за да се отстранат сите нечистотии од храна заробени помеѓу забите. Б): Исплакнете ја устата со топла солена вода. В): Земете аспирин, ацетаминофен или ибупрофен за да ја олесни болката. Г): Натопете на мал дел од памуче масло од каранфилче и ставете го на забот кој скршен или се распаѓа. Д): Држете ја главата поткрената додека лежете во кревет со цел да се намали притисокот во областа на забоболката. Во редок случај симптомите на забоболката со болка во долната вилица, вратот, градите ( во близина на клучната коска) или надлактицата претставуваат претставуват нешто друго како срцеви напади и ангина при што имаме намалување на капацитетот на кислород во устата, а тоа може да се манифестира како забоболка.Важно е да се запамети дека пиењето лекови нема да ја излечи вашата забоболка. Забоболката секогаш треба да се лечи професионално од страна на стоматолог. Брз, професионален стоматолошки третман обезбедува позитивен исход за забоболката во иднина. Посетувај стоматолог на секои шест месеци , четкај ги забите најмалку два пати на ден и барем еднаш дневно чисти ги со забен конец. Оди најгоре

Колку често треба да се оди на стоматолошки преглед?

Целта на стоматолошкиот преглед е раното откривање на болести во устата и доколку се открие нешто да се спречи понатамошното негово развивање со редовни посети. Бидејќи секој пациент има единствени орални здравствени потреби честотата на посета на стоматологот за секој пациент е различно. Ова значи дека тоа зависи од вашите индивидуални околности. Секоја посета се состои од: ажурирање на вашата медицинска историја, пародонтална евалуација, откривање на кариес и проверка на веќе постојаните рестарвации, контрола на плак, флуор апликации и орална хигиена, собирање на основни податоци ( на пример, радиографија), дијагноза и планирање на лечењето. Традиционалните стоматолошки планови советуваат посета на лекар на секои шест месеци. Поради трошоците често пати се поставува прашањето дали пациентите треба да го посетуваат својот стоматолог толку често. Некои сметаат дека намалувањето на честоста на посетите ќе ги намали трошоците. Но како последица на ова пациентите можат да се соочат со далеку поголеми орални здравствени проблеми, а со тоа и на работодавачите далеку подлабок финансиски ангажман. Некои литератури сугерират дека напредокот на carious лезии (кариес) треба да биде главната причина за честите посети. Сепак, забниот кариес е процес кој вклучува деминерализација и реминерализација на забната структура, тука не се смета: склоноста кон кариес кај пациентите варира од поединец до поединец (некои луѓе се со висок ризик некои со низок), фактори кои влијаат за развивање на кариесот, како флуор, плунка, бактериите што се наоѓаат во устата и храната, следење на сомнителните реставрации и присуство на други орални заболувања.Истражувањата покажуваат дека најмалку 80% од возрасната популација има некоја форма на пародонтозна болест и повеќето од нас не го знаат тоа.Пародонтот е инфекција на непцата и други ткива на кои се прицврстени забите. Болеста има различни форми. Лесната форма се нарекува гингивит а посериозната форма е позната како перодонтитис. Главната причина за болест пародонтоза е таложење на плак- кој влијае на непцата како и на долниот дел од забот кој му помага да го држи во место. Како последица на оваа болест заболените заби можат да се олабават и на крајот да паднат. Не отстранувањето на плакот редовно може да предизвика да се развие гингивит, кој може да прерасне во периодонтитис и губење на заболените заби. Оди најгоре

Дали сте навистина она што јадете?

Исто како и нашите тела, така и на нашите заби и непца им се потребни некои есенцијални витамини и минерални за да бидат здрави и силни. Бебињата, децата и возрасните, на сите им треба одредена количина на минерали, калциум и фосфор и витамини А,Ц и Д за да се обезбеди соодветен развој на забите и цврстина.Калциумот, фосфорот заедно со витаминот Д е главната компонента на забите и коските. Тоа е она што им помага да ја задржиме цврстината. Витаминот А е потребен за формирање на забната глеѓ, а витамунот Ц е од суштинско значење за за здрави непца.Доилките треба да земат во предвид дека нивната исхрана може да влијае на растот на новоформираните заби на нивното бебе.Храната на мајката треба да биде најразновидна. Соодветна количина на соодветните витамини и минерали помага во развојот на здрави заби. Недостатокот или отсуството на овие минерали може да доведе до болест. Флуоридот е важен минерал за первенција од расипување на забите. Флуоридот го зајакнува емајлот на младите заби кои се развиваат, а пак калциумот и фосфоротго зацврстуваат емајлот на зрелите заби. За силни заби потребно е да се конзумира разновидна храна, леб и житни култури, овошје и зеленчук и посно месо, како и млечни производи, како и здрави закуски за забите како ореви, семки, путер од кикиритки, сирење, обичен јогурт и пуканки. За повеќе информации во врска со храната која е добра за вашите заби, консултирајте се со вашиот стоматолог. Оди најгоре

Дали слатките лошо влијаат на вашите заби?

Секој знае дека слатките лошо влијаат на забите.Но, знаете ли дека не е важна количината што ја внесвате на слатки, туку колку долго се изложени забите на слатки? Јадете слатки за време на оброкот, отколку помеѓу оброци. Изберете нешто со помалку шеќери како ореви и семки, путер од кикиритки, пуканки, обичен јогурт.Слатки кои престојуваат подолго време во вашата уста, како карамела или тврди бонбони треба да се избегнува како ужина. Оди најгоре

Каков стоматолошки заштитен материјал се користи во мешавината?

Стоматолошките пломби се направени од мешавина на микроскопска пластика и честици од од керамичка смола. Друг тип на супстанција кој се користи во пломбата е јонирана смола, која ослободува флуорид корисен за спречување од расипување на забите. Покрај неговата козметичка вредност, кои други предности ги нуди стоматолошкиот заштитен материјал? Пломбите се користат во корекциите на забите со што се обезбедува поцврсти заби. Исто така, со пломбите се намалуваат и шансите за чувствителност на топли-ладно. Некои композити се направени од материјали кои ослободуваат флуорид кој е идеален за лекување на коренот на забите, непцата и шуплините предизвикани од плакот. Овој материјал исто така се користат како пломби за распаднати бебешки заби. Оди најгоре

Што е ендодонтика?

Ендодонтика е дел од стоматологијата, која конкретно се занимава со она што се нарекува дентална пулпа во забот. Оди најгоре

Што е дентална пулпа?

Денталната пулпа е меко ткиво составено од мали артерии, вени, нерви и лимфни садови на забот. Следното ниво на забот е дентин, кој е под емајлот и во кој е сместена денталната пулпа. Последната компонента на денталната пулпа е јадрото на забот. Овој дел на денталната пулпа се наоѓа во центарот на забот или пулпна комора и е поврзан со мандибуларните канали преку коренските канали. Коренските канали се како вени за денталната пулпа. Оди најгоре

Што претставува постапката коренски канал?

Коренскиот канал стана термин за процедура во која е вклучена денталната пулпа.Кога денталната пулпа е изложена и оштетена, мора да се лечи професионално и овој процес обично е познат како обивање на коренски канал. Оди најгоре

Што повлекува постапката коренски канал?

Откако денталната пулпа ќе се инфицира, тоа мора да се отстрани од пулпната комора и каналските корени.Со отстранувањето, пулпната комора и коренските канали се целосно исчистени и проширени. Во зависност од нивото на инфекцијата, стоматолозите проценуваат дали пулпата треба да се чисти повеќе од еднаш. Откако е отстранета областа зафатена со инфекција, стоматологот ги пополнува каналските корени со цел да спречи било какви бактерии да навлезат внатре. На крајот, стоматологот поставува круна на забот со цел да се добие неговата оргинална форма. Оди најгоре

Кои се причините да денталната пулпа се оштети или инфицира?

Нормално, кога ќе има празнина во забот, денталната пулпа се изложува на бактерии. Кога е изложена на бактерии, денталната пулпа може да се инфицира и со тоа да предизвика заболување на забот Оди најгоре

Што ќе се случи доколку инфицираната дентална пулпа не се лекува?

Со текот на времето, пулпната комора ќе умре, а во исто време ќе се развие гној од инфекцијата во основата на забот и ќе предизвика да се појави гноен чир.Овој гноен чир ќе влијае на основата на која се држи забот и дколку состојбата се влошува, забот ќе падне. Оди најгоре

Врската помеѓу заболување на непцата и срцевите болести!

Истражувањата покажуваат дека четкањето и чистењето на забите со забен конец секојдневно може да направи да се зачуваат забите.Бактериите во устата се јаки и придонесуваат за намалување на имунитетот и развивање на болести како што се срцеви заболување и мозочен удар. Неколку типови на бактерии се чести во устата, како на пример бактериите кои се одговорни за појавата на мозочни удари, а припаѓаат во групата на "bacterides gingivalus", поврзани со заболување на непцата. Научниците во моментов ја испитуваат врската помеѓу заболувањето на непцата и срцевите заболувања. Луѓето кои имаат пародонтот болест се со поголема веројатност да развијат срцеви болести за разлика од оние кои немаат проблем со непцата. Истражувачите претпоставуваат дека бактериите кои го предизвикуваат плакот, исто така можат да предизвикаат белите крвни клетки да ги изгубат коагулациските фактори и протеини и да доведе до срцев удар. Постои претпоставка дека лошите непца може да се последица и од пушењето цигари. Овие нови наоди се првите директни докази за тоа дека бактериските инфекции можат да предизвикаат плак на артериите со што ќе доведе до намалување на проток на крвта до срцето.Оралните бактерии најчесто се појавуваат во срцата кои претрпеле оштетување од срцев удар и некои од овие бактерии предизвикуваат крвните плочки да се групираат заедно. Овој вид на истражување ја носи стоматологијата повеќе во областа на општата здравствена состојба и може да покаже дека непцето и оралната состојба на една личност може да биде поврзана со други болести кои едно лице може да ги има или може да ги развие.Лековите, слабата исхрана, наследноста, хормоналните промени, премногу заби или извадени заби, протези, bruxism можат да предизвикаат за развој на болест на непцата. Овие истражувања покажуваат дека возрасните треба да прават рутински прегледи со што пародонтонот може да се открие во раната фаза и кога болеста е присутна се применува соодветна забна терапија со што би се намалиле бактериите во устата. Оди најгоре

Намалување на стоматолошките трошоци со редовни прегледи!

Како стоматолози, понекогаш добиваат телефонски повици во кои луѓето се распрашуваат за најефтиниот третман кој го имаат на располагање.Цената секако е важна, но не треба да е најважна додека не се изврши проверка на забите.За поздрави заби и непце, квалитетот на стоматолошката работа треба да биде од големо значење. Клучот за намалување на стоматолошките трошоци е первенцијата . Има многу работи што можете да ги направите за да се избегнат сериозни проблеми со забите. Редовните стоматолошки прегледи играат важна улога во секоја програма за первенција. Ако редовно посетувате стоматолог, доколку се појави некој проблем, тој ќе може да се третира во раните фази.Факт е дека во нашата конкуретна средина, повеќето луѓе откриваат дека цените на стоматолошките услуги се разликува од една стоматолошка ординација до друга. Можете да побарате од стоматологот да ви процени од прилика колку би ви биле трошоците пред да се изврши стоматолошката работа. За да се направи тоа правилно, стоматологот треба да ги испита забите со помош на х-зраци со цел да открие било какви скриени дефекти во забите и коските, кои можат да претставуваат закана за вашето орално здравје.Потрудете се стоматолошките прегледи да ги правите редовно, бидејќи како повеќе се развива болеста толку третманите стануваат поскапи. Ако се оди на заболекар само во итни случаеви, кога се има сериозен проблем, третманот може да биде многу поскап. Ние веруваме дека потрошувачите не сакат само да знат како да ги трошат своите пари мудро, туку исто така сакаат и гаранции за квалитетот на стоматолошката заштита што ја добиваат. Ние секогаш се обидуваме да им обезбедиме на пациентите план за лекување кој ќе биде прилагоден на нивниот буџет, а во исто време и најдобра можна стоматолошка заштита. Исто така достапни се и различни опции за плаќање со цел да се олесни плаќањето за скапите третмани.сепак, ништо не е поекономично од редовни стоматолошки прегледи. Со соодветна стоматолошка заштита ќе се чувствувате поздраво, ќе изгледате подобро и целосно ќе уживате во животот. Оди најгоре

Спречување на лош здив!

Денес луѓето дефинитивно се повеќе свесни за мирисот на нивниот здив за разлика од пред 10-15 години. Поголемиот дел од нив користат плакначи за уста и ментол со цел да се прекрие лошиот здив за неколку часа.Вие не треба да го игнорирате лошиот здив, не само заради луѓето околу вас туку и заради себе. Лошиот здив е социјален проблем и може да биде показател на здравствен проблем. Лошиот здив може да биде предизвикан од многу работи. Тоа може да биде резултат на мирис предизвикан од храна, забите, пародонтот (болест на непцата), сувост во устата, синус или респираторни инфекции, несоодветна орална хигиена, лекови или производи од тутун. Еден од знаците за појава на болест на непцата е често лош здив или лошвкус во устата. Лечењето на пародонтот и одржувањето на доброто орално здравје е од големо значење за намалување на лошиот здив. Најчесто лошиот здив е предизвикан од бактерии во или околку устата и од бактериите кои се таложат на јазикот. Миете ги забите двапати на ден со паста за заби на база на флуорид за да се отстранат остатоците од храна и плакот. Исто така четкајте го и јазикот. Потоа користете забен конец за чистење меѓу забите. Ако редовно не се чистат забите, честички од храната остануваат во устата на кои се собираат бактерии кои можат да предизвикаат лош здив.Храната која се собира помеѓу забите, на јазикот и околу непцата може да изгние, оставајќи непријатна миризба. Протезите кои не се чистат правилно исто така може да бидат причина за собирање на бактерии и храна, па доколку носите протези кои се вадат, чистете ги темелно секое утро.Доколку постојано морате да користите освежувач за уста за да се скрие непријатниот здив, треба да одите на стоматолог за целосна проверка и професионално чистење.Стоматолозите денес знат многу повеќе за тоа како да се третира лошиот здив повеќе од кога било досега. Имаме познавање и алатки со што пациентот се обезбедува со ефективни терапииза решавање на овој проблем. Една од најновите алатки е "Halimeter", кој го мери нивото на сулфурна киселина во устата.Гасовите од оваа киселина создаваат непријатен мирис, а како первентива плакнете ги забите и користете паста за заби со цел да се неутрализира миризбата. Хлорот диоксид кој се нанесува со специјално дизајнирани четки, средства за чистење на јазикот, и употреба на правилна техника при четкањето на забите придонесуваат причинителите на лош здив да преживеат. Оди најгоре

Научете како да се спречи Кариесот!

Болестите на забите се најшироко распостранети за разлика од другите болести, дури 95%. Расипувањето на забите е најчестата форма на болест на забите кај повеќето млади луѓе и многу од нив не го сметаат здравјето на забите за сериозен проблем. Денес, стекнати со соодветно знаење и правилна домашна заштита на забите, нема потреба да имате страв за појава на кариес. Кога станува збор за кариес, бактериите се главни причинители. Нашите усти се полни со бактерии кои се лепат за нашите заби во форма на плак. Тука бактериите се хранат со храната оставена на забите. Овие бактерии создаваат киселина која ја уништува забната глеѓ и создава кариес. Без соодветна заштита, киселината создава емајл во дентинот и целулозниот слој на забот. Ова може да предизвика болка. Ако не се лекува, кариесот на крајот ќе го уништи дентинот, пулпата и забниот нерв. Добра орална хигиена може значително да ги намали шансите за добивање на кариес. Важно е да се четкаат забите 2-3 минути, двапати на ден. Многу луѓе ги четкаат забите само 45 секунди или помалку, не чистејќи ја доволно целата површина на забите. Чистењето со забен конец исто така е од суштинско значење за спречување на кариесот. Чистењето со забен конец е речиси 35% поефикасно за разлика од четкањето на заби со паста. Постојат и други работи кои можете да ги направите за да се намали ризикот од добивање на кариес. Внимавајте што јадете, бидејќи храната како путерот од кикири, карамелата и медот се лепат за забите, а тоа е доволно бактериите да почнат да се развиваат, да се хранат и да создаваат киселина. Неколку големи оброци се подобри за забите за разлика од честите мали оброци, бидејќи подолг период помеѓу оброците му овозможува на телото да ги неутрализира и да ги опорави штетите предизвикани од киселините. Четкајте ги забите со паста за заби на база на флуорид. Флуоридот е составен дел од забната глеѓ со што ја прави поотпорна на киселината создадена од бактериите. Со добра орална хигиена и внимание на она што јадеме, кариесот практично може да биде елиминиран. Одете на редовна посета кај вашиот стоматолог на секои шест месеци, бидејќи болеста во забите се развива тивко и резултира со болка само по значителна штета која веќе се случила. На секој шест месечен преглед , вашиот стоматолог може да препознае многу од потенцијалните катастрофални проблеми пред тие да предизвикаат голема штета. Исто така стоматологот може да ги открие местата на кои има можност да се создаде кариес поради несоодветното четкање на забите или чистење со забен конец и да ви помогне да преземите соодветна грижа. Оди најгоре

Забен камен, Тартар, Гингивитис. Која е разликата?

Ги имате слушнато термините на телевизиска реклама, на печатена реклама, а можеби ги забележувате и на етикетите на различни стоматолошки производи.Но што навистина значи забниот камен, tartar, гингивит и пародонтонот. Нашите усти се полни со бактерии! Во здрава уста има природна рамнотежа на различни бактериски видови. Меѓутоа кога една фамилија на бактерии доминира во една област, тогаш нивното ниво на отров се зголемува до точка каде што го стимулира имунолошкиот систем и предизвикува инфекција.Правилното секојдневно четкање и чистење со забен конец ги отстранува бактериите од устата и гарантира дека тие нема да се размножат.Честа грешка на луѓето е тоа што мислат дека доволно е само четкање на забите, но не и чистење со забен конец. Ова им овозможува на бактериите да се развиваат помеѓу забите каде што четката не може да ги отстрани.Забниот камен е леплива, жолтеникав бел мембрана кој есоставен од бактерии, мали честички, протеини и слуз. Оваа материја постојано се акумулира на забите и непцата. Со соодветно четкање и чистење на забите со конец за заби забниот камен може да се отстрани. Меѓутоа доколку плакот не се отстрани , тој ќе се зацврстува со текот на времето. Овој стврднат плак се нарекува tartar и не може да се отстрани само со четкање и чистење со забен конец. Тој се отстранува само од страна на стоматолошки професионалец. Поголем проблем ќе има доколку плакот и забниот камен не се отстранат. Повеќето од овие бактерии се наречени анаероби. Непцето за бактерискиот плак претставува плодна средина за повеќе анаеробни бактерии кои ослободуваат отрови и ги оштетуваат вашите непца. Тие исто така предизвикуваат инфекции на непцата и воспаление кое го активира имунолошкиот систем. Ова се нарекува гингивит и тоа е првата фаза на заболување на непцата. Со професионално стоматолошко чистење за време на редовните стоматолошки прегледи, може да се отстрани tartar кој е предизвикан од бактериите. Но доколку не го сторите тоа, гингивитот може да се развие во болеста пародонт, која е скапа да се лечи и понекогаш треба и да се оперира. Посетувај го стоматологот на секои шест месеци за да се намали ризикот од сериозна пародонтоза. Оди најгоре

Интра-Орална Камера

Каква улога игра интра-оралната видео снимка при оралното испитување? Интра-Оралната видео снимање вклучува користење на мала оптичка камера која е доволно мала за да се стави в уста. Камерата е поврзана со компјутерски систем кој им овозможува на сликите од забите веднаш да се прикажат на компјутерски монитор, овозможувајќи ви да видедте што стоматологот гледа во вашата уста. Денес, со новите компјутерски технологии, пациентите можат да ги видат сите проблеми со кои се сочуваат и подобро да ги разберат третманите со кои може да се корегираат. Друга предност на оваа технологија е тоа што снимките направените снимки од забите и непцата се чуваат од страна на компјутерот како дигитални записи во вашата датотека или отпечатени само како фотографии со помош на специјален печатач. Ова се прави за да може стоматологот да има пристап до овие слики кога тоа е потребно со цел да се споредат резултатите од еден стоматолошки преглед со претходниот.Со овој нов систем, исто така, се овозможува вашиот стоматолог да ги пренесе електронските копии на сликите на друг стоматолошки специјалист или техничари, а со тоа се подобрува и нивната способност да се консултираат за прашања кои можат да бидат од стратешко значење за вашата стоматолошка здравствена состојба. Во вакви случаи, сликата навистина вреди илјада зборови. Некои забни болести, кои не можат да се заприметат со голо око, стоматологот може да ги забележи со помош на интра-оралната камера: разни видови на орална патологија и лезии, скршени пломби и други видови на оштетени реставрации, пукнати заби, шуплини во области каде е тешко да се испитува и да се достигне. Вие ќе бидете воодушевени од квалитетот на овие интра-орални снимки и дијагнозата за здравјето на вашите заби.Од друг аспект ова технологија ќе ви помогне да се предвидат неправилности без воопшто да се допре забот. Користењето на интра-оралната камера со помош на компјутерски софтвер, стоматологот може "виртуелно" да го затвори просторот помеѓу забите, да го промени обликот на забите или да видиме како ќе изгледаат забите после третман за белење. Како стоматолози, нашата цел е да ве информираме за вашето стоматолошко здравје и да се едуцирате како правилно да ги негувате забите. Интра-оралната камера му овозможува на стоматологот да ги забележи неправилностите на забите или во вашата уста и правилно да го избери соодветниот третман за лекување. Оди најгоре

Стоматолошки импланти-Дали сте кандидат?

Порано, ако било потребно да се заменат забите, без разлика дали поради болест, несреќа или заради естетски изглед, вашиот избор беше ограничен. Денес со иновации инспирирани од природата, модерната стоматолошка имплантологија им нуди на пациентите поголем избор, кога станува збор за замена на еден или повеќе заби кои недостасуваат. Забните импланти, денес можат да ги поднесуваат вештачките заби кои изгледаат природно и се добро прицврстени. Денталните импланти функционираат толку добро, без разлика што се прави-јадење, зборување, спиење ...Вие може никогаш да не морате да ги отстраните вашите заби, во зависност од видот на имплантот. Повеќето пациенти барат имплантите да бидат целосно и сосема удобни, и физиолошки и психички. Вие не треба да чекате да ги загубите забите за да поставите импланти. Стоматолошки импланти можат да се постават и кога ќе изгубите еден заб или имате празен простор помеѓу неколку заби, како и кога недостасуваат повеќе заби. Во многу случаи, забните импланти нудат подобра заштеда на останатите заби од конвенционалните мостови, бидејќи во тој случај притисокот ќе паѓа на природните заби.Стоматолошките импланти исто така можат да се постават целосно или делумно. Ако протезите се лабави, или ако ви предизвикуваат болка при џвакање или при каков бил притисок врз нив, забните импланти можат да ви помогнат. Дури и ако немате заби на едната или другата вилица и сте осудени на носење на протеза-сега е вашата шанса.Неколку забни импланти лесно можат да подржуваат цел сет заби во потполно беспомошна вилица, подобрувајќи ја функцијата за џвакање, изгледот...Една од добрите работи за забните импланти е тоа што можат да ги постават сите без разлика на возраста. Ако сте во добра здравствена состојба, можете да поставите импланти, без разлика колку години имате.Ако ви се потребни или сакате да се чувствуватеподобро и да изгледате подобро, забните импланти се вистински избор за вас. Темелна контрола од страна на стоматологот ќе ви помогне да се утврдите дали ќе бидете добар кандидат. Има напредок во дизајнот на имплантите, материјалот и техниките и овие револуционерни достигнувања во стоматолошката наука ќе продолжат да се трансформираат во наредните години.Побарајте од стоматологот да го сподели неговото знаење за најновите достигнувања во имплант стоматологијата и да ви помогне да го изберете соодветниот третман кој кој ќе ви овозможи да го подобри вашето орално здравје. Оди најгоре

Стоматолошки Х-зраци .Дали е навистина потребно?

Стоматолозите можат да ги користат х-зраците, овозможувајќи да се види делот помеѓу забите и под непцето. Постојат повеќе од двесте болести кои можат да се развијат во устата и вилицата, а некои од нив може да бидат опасни по живот.Многу форми на потајни стоматолошки болести можат да се откријат од страна на х-зраците. Кариесот меѓу забите, инфекција на коската околу забниот корен, како и цисти и тумори на вилицата. Ненавреме откриените болести може да резултира во непотребно губење на забите, па дури и животот.Повеќето луѓе не сакаат да им се прави преглед со помош на х-зраци, но овие приговори научно не се неосновани. Х-зраците имаат важно значење, но треба да се користат само кога е тоа потребно и во исто време да се утврди дека модерната опрема е безбедна.Меѓутоа, со опремата и техологијата на база на х-зраци не постои причина за загриженост од страна на пациентите кои се подложени на стоматолошки испитувања со х-зраците. Зрачењето добиено од рентгенските зраци е приближно исто како зрачењето од еден природен извор. Ова е познато како позадинска радијација и се состои од космички зраци од вселената и радиоактивна песок и камења. Комплетно испитување со х-зраци се прави само еднаш на неколку години. Х-зраците се докажани како еден од најефикасните дијагностички алатки кои стоматолозите можат да го користат за откривање на стоматолошките болести како што се парадонтонот и кариесот, а со тоа и избегнување на поскапи стоматолошки третмани подоцна.
Оди најгоре

Стоматолошки пополнки

Првиот чекор во одржување на здравата уста е спречување од расипување на забите, темелно четкање и чистење со забен конец. Тоа ќе помогне да се отстранат остатоците од храна и плакот од мазните површини на нашите заби, бидејќи влакната од четка за заби не можат да достигнат до секој дел од катните заби и да се исчисти храната и плакот. Со стоматолошки пополнки сепак, можат да се заштитат овие чувствителните области, преку создавање на бариера која ќе ја штити забната глеѓ од кариес која е предизвикана од плакот и киселините создадени од бактериите. Најчесто расипувањето на забите кај децата и адолесцентите се случува на површини од овие заби, бидејќи тие имаат неправилни површини со јами и бразди кои имаат тенденција да ја "заштитат" храна и бактериските остатоци. Децата на возраст меѓу пет и четиринаесет години можат да имаат корист најмногу од пополнки, иако исто така и возрасни можат да имаат корист од овој третман. Стоматолошки пополнки се како бојата на забот акрилна - како материјал што се поставува за да се затворат површините на катниците за да се спречи распаѓањето. Површини који содржат "јами" и "пукнатини" се подложни на распаѓање, но поплнки ќе го спречат расипување на забите и појавување на кислород и бактерии од храна. Стоматолошки пополнки кои се поставуват со користење на соодветни техники и остануваат непроменети речиси 100%, ефикасни се во спречување на расипување на забите за џвакање и на катниците. Пополнки помогат одржување на неоштетените забите. Распаѓањето ја уништува структурата на забот и секој пат кога некој заб се пополнува или пополнета структура мора да се замени, пополнката мора да биде заменет затоа што забна структура ќе се изгуби. Пополнките можат да заштедат време, пари и непријатноста што може да биде поврзана со поскап ресторативен третман кој може да биде потребен за поправка на штетата предизвикана од распаѓање.Пополнките се користат првенствено за задните заби и не можат да се приметат кога особа говори или се смее. Пополнки се одржават ефикасно и можат да имат траење неколку години пред повторна потреба за нивно ново пополнавање. Бидејќи заби се поподложни на расипување веднаш по нивнота растење, спречувањето на расипувањето во првите пет до петнаесет години по растењето на забот и е многу важно. Илјадници деца имале потреба за пломбирање на нивните заби при првиот преглед. Овие прегледи докажале дека поплнки се ефикасни и ефтини.За општо добро, пополнките треба да се сметат како дел од вкупна превентивна стоматолошка заштита на детето. Забарот треба да ги испитува заби на детето и непцата редовно. Оди најгоре

Нашата ординација

imgimgimgimgimgimg

Повеќе...

Контакт информации

Адреса:
Огњан Прица 27/1
1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389(0)2 2784380
Мобилен 1: +389(0)70 341990
Мобилен 2: +389(0)72 236114
Повеќе информации...

Накратко

Ние сме убедени дека во нашиот Центар за Естетска стоматологија и импланти "Д-р Благоевски" во Скопје ќе добиете висок квалитет на стоматолошки третмани и грижа на клиентите како никогаш досега. Нашите стоматолози нудат стручни стоматолошки услуги, вклучувајќи естетска стоматологија... Повеќе...