Имплантологија

Што се забните имплантати?

Имплантатите се заменски заби кои изгледаат и ги чувствувате исто како своите.И бидејки тие стануваат траен дел од вашата уста, мжете да јадете, пиете и да се смеете без недовербата која би ја чувствувале со протезите.Импалнтатот, сам по себе претставува титаниумска завртка хируршки сместена во виличната коска за да го замени природниот корен на забот.Овој процес се одвива од три до шест месеци како што коската расте околу завртака и ја држи цврсто во место.Протзата(делумен заб или заби-порцеланска круна)се поставува на фиксираната завртка за да се замени природниот заб.

Ако ви недостига еден заб

Ако ви недостига еден заб, имплантатот е подобар отколку традиционалниот мост.Поставувањето на мост бара од стоматологот да ги засече обата соседни заби за да се придржува мостот.Забните имплантати го заменуваат само забот што недостига, зачувувајки ја коската и соседните заби здрави.

Description: Single Implant

Дали имплантатите се вистинскиот избор за вас?

Само со посета на специјалист имплантатор ке се уверите со сигурност.

Ако ви недостига повеќе од еден заб

Како што е прикажано подолу,неколку забни имплантати може да поддржуваат делумна или целосна протеза.Оваа техника ја елеиминра потребата за измачувачките аххезиви(лепаци)или неудобните метални затварачи.И нашите забни имплантати ја одржуваат вашата вилица и непца здрави што помага да се задржи вашиот изглед долгорочно.

implantology_clip_image007.gif

Мини забни импланти

implantology_clip_image010.jpg

Овој систем ја избегнува потребата за порамнување на протезата,што би морало да се направи со регуларните протези на секои неколку години.И го подобрува комфорот и траењето на вашите протези.Ако не ви се допаѓаше нервозат поврзана со старите видови протези, ова е системот за вас.
Мини имплантатите ја стабилизираат протезата обезбедувајќи одлична сигурност и исклучителен комфор.Вкусете ја храната како порано.Уживајте во варената пченка на класт повторно.






Description: mini-implant

Зошто мини имплантати?

Зошто мини имплантати? 

  •  еноставна, блага, не-хируршка процедура
  • моментални резултати
  • заштита за протезата или круната и мостовите
  • ја зачувува коската

Имплантологија-Протези врз имплантите

implantology_clip_image012.jpgНекои луѓе со протези имаат значителни проблеми-џвакањето им е екстремно тешко, јадењето е болно, протезата им е подложна на честа абразија, непцата им атрофираат многу брзо.За овие луѓе протезата врз импантат може да им понуди удобно и долготрајно решение. Неколку мини забни имплантати ќе ви послужат како заштита за вашата протеза, обезбедувајќи одлична стабилност и правејќи го џвакањето, зборувањето и смеењето лесно и комфорно.

Предности на протезата со имплантации над конвенционалната протеза

  • поголема стабилност
  • " поголема удобност
  • " зголемена цврстина при гризање
  • " поголема функционалниост при гризење и џвакање како кај природните заби
  • " без досадните покривки на врвот на усните
  • " без непривлечните куки
  • " за вилицата е прицврстена со интегрирани импланти
  • " полесно и подолготрајно зборување
  • " долготрајност

Колку импланти се потребни за потпора на протезата?

Општо земено, повеке мини импланти значи постабилна протеза. Четири мини импланти се минимум за долната протеза, а шест мини импланти се минимум за горната протеза. Ние преферираме 10 мини импланти во зависност од тоа колку коска треба да се работи. Ако носите протези и сакате тие да бидат стабилни, мини имплантите веројатно се добра опција за вас. Од друга страна ако навистина не ви се допаѓаат протезите и сакате да ги елиминирате пластичните покривки на вцрвот на устата, традиционалните импланти се добар избор. Што се случува со луѓето кои носат делумни протези? Мини имплантите исто така се одлични за стабилизирање на делумните протези. Тие се вградуваат таму каде нема заби. Подобра опција е да го замените забот кој недостасува со традиционален имплант и да се ослободите целосно од делумната протеза, но вградувањето на мини имплант е брз и економичен начин за стабилизирање на целосните протези.

Вашата прва посета на имплантолог

Нашите имплантолози ќе извршат целосна проверка на устата вклучувајќи тука и панорамски рентгенски снимки кои се неопходни за правилно дијагностицирање и лекување. Ова е едниствениот начин да се утврди дали пациентот има доволно коска за имплантот, како и да се оцени внатрешната состојба на забите. Нашите имплантолози ќе ви ја востановат општата здравствена состојба и доколку е потребно ќе ви направат крвна слика и анализа на урината. Тој ќе испита дали сте алергични на некои лекови и ќе ги испита сите проблеми кои може да влијаат на поставувањето на имплантите и нивното правилно лекување. Ние сакаме да бидеме сигурни дека сте здрави и дека имплантот ќе заздрави. Нашите имплантолози ќе ви ги дадат сите потребни информации за имплантите. Тие ќе ви го објаснат внимателно секој детал за поставувањето на имплантите и различните опции кои ги имате на располагање. Ќе ви открие што точно е потребно да се замени кај вашите извадени заби и како да ви ја врати прекрасната насмевка. Имплантите истотака ќе ви помогнат да се ослободите од болката, протезите и да ја подобрите симетријата и изгледот на вашето лице. Ако пациентот се грижи на соодветниот начин, имплантот ќе трае до крајот на животот.

Единечни и двофазни импланти

Овој метод е погоден за замена на еден заб или целосно губење на забите во горниот или долниот дел на вилицата. Поставеноста на имплантите вклучува јасна процедура која се изведува под локална анестезија. Многу од пациентите на кои им се вградени забни импланти имаат резултати кои се блиски до нивните природни заби, кои изгледаат верно на оригиналот и кои обезбедуваат целосна доверба кога се гризе или се смеат.

Description: X-rayDescription: X-ray
Единечен забен имплант

implantology_clip_image016.jpg 
Повеќе забни импланти

По операцијата со која се вградени импланти многу е важно да се следат лекарските препораки. Мора да се обезбеди инзвондредна домашна стоматолошка заштита. Забите и имплантите мора да се чистат со средствакои се препорачани од стоматолог за да се задржи плакетата на забите. Нашите имплантолози ќе ви овозможат антибиотици за првата недела да се избегнат инфекциите. Во следните 24 часа треба да се јаде мека и ладна храна. Не ја предизвикувајте болката експериментирајќи со секаков вид на храна која може да предизвика потешкотии во наредните 48 часа. Вие не треба да бидете свесни за нивното присуство.

Кои се придобивките од стоматолошките импланти?

Бидејќи забните импланти се слични по структура со природните заби, тие обезбедуваат висок и стабилен систем за подршка на заменетите заби или протезите. Во другите придобивки се вбројуваат:

  • Подобрување на притисокот на гризење. Здравите заби се во состојба да поднесат повеќе од 500 килограми гризен притисок на квадратен инч. Ако сте носеле протези подолго време, тој притисок може значително да се намали за околу една 10 тина од тој на природните заби. Стоматолошките импланти можат да го поднеса истиот притисок како и здравите природни заби. Бидејќи имплантите се вградени како замена за забите, тие се прицврстени за вилицата и не може да се лизгаат како некои небезбедни протези. Кога протезите не се прицврстени убаво тие предизвикуваат рани во устата. Стоматолошките импланти ги елиминираат овие проблеми.
  • Долговечност и сигурност. Научно е докажано дека со соодветна орална хигиена еден имплант трае до 20 години и повеќе, со многу малку компликации.
  • Зголемена самодоверба. Бидејќи забните импланти функционираат скоро исто како и природните заби, повеќето луѓе кои ги имаат, имаат зголемена самодоверба.

Никој не може да биде одбиен за имплант поради воззраста. Некои пациенти добиваат импланти и во 90-тите години. Вие нема да чуствувате дека имате имплант во устата, а тие ќе имаат исти својства и функции како и здравите заби.

Како се вградуваат денталните импланти?


Прв чекор:
Непцето нежно се враќа наназад и местото е подготвено за вградување на имплант.

Description: prep

Втор чекор: 
Денталниот имплант се вградува на местото.

Description: anchor

Трет чекор:
Се става привремена капа на местото на имплантот и ткивото на непцето се мести околу имплантот. Имплантот се остава да стои неколку месеци за да може коската да се навикне.

Description: stitch

Фаза на закрепнување:


Description: post1

Прв чекор:
Откако поставениот имплант ќе дојде во контакт со коскеното ткиво, привремената капа се отстранува.

Description: post2

Втор чекор:
Имплантот сега е подготвен за протеза. Донесен е заклучок заимплантот и соодветната протеза (коронка, мост) е направена.

Description: with crown

Трет чекор:
Протезата се става на имплантот.

 

implantology_clip_image023.jpg

implantology_clip_image024.jpg

Единечен имплант се прави ако непцето и забите се здрави. Фиксен мост или "круна и мост" често се користат кога се употребуваат коронка и имплант во комбинација со протеза

Импантологија - пред и потоа

Погледнете пред и потоа

implantology_clip_image026.jpg  

Случај 1: 
implantology_clip_image028.jpg
Недостасуваат два странични секачи - Поставуваме два забни импланти.

implantology_clip_image030.jpg          implantology_clip_image032.jpg
РТС на забен имплант лево, Порцеланска круна кон забен имплант.

implantology_clip_image034.jpg         implantology_clip_image036.jpg
РТС на забен имплант десно         Порцеланска акруна кон забен имплант

implantology_clip_image038.jpg
Целосна промена на насмевката







Случај 2:

implantology_clip_image040.jpg    implantology_clip_image042.jpg

Целосна промена на насмевката      резултат на поставеност на коронките.


Случај 3:
 
implantology_clip_image044.jpg     implantology_clip_image046.jpg
Поставување на 8 забни импланти      краен ефект-краен ефект.



Случај 4

implantology_clip_image048.jpg

Оваа фотографија е од човек кој носи комплетна горна протеза. Тој стави протеза веднаш откако неговите заби беа извадени и по зараснувањето протезата не одговараше па тој мораше да ја прицврстува. Четири мини стоматолошки импланти се вградени во горната вилица, со користење на локална анестезија. Оваа слика е донесена само неколку минути откако се поставени имплантите, но нема крварење, па дури ни црвенило. НЕ беа потребни ни конци.

 implantology_clip_image050.jpg  implantology_clip_image051.gif

Во постојната протеза на горната вилица, ние поставивме четири куќишта за импланти, кои ќе ги заменат имплантите поставени во вилицата, обезбедувајќи стабилна и цврста врска. Целосните горни протези кои вообичаено имаат пластични покривки кои го покриваат целото непце и овозможуваат добро прицврстување на протезата. Бидејќи мини имплантите обезбедуваат прицврстување на протезата, поставувањето на пластики на протезата не е неопходно. Пациентите полесно го чувствуваат непцето, храната има подобар вкус за нив, подобро зборуваат и имаат помалку пластика во устата.

                         implantology_clip_image053.jpg

                              implantology_clip_image054.gif

Горната протеза е поставена безбедно во устата. Овие пациенти користат дебели слоеви од лепилота за протеза кое им помага да ја задржат протезата внатре. Откако стави мини импланти, тој веќе нема да користи вакво нешто. Уште еднаш да спомнеме дека дека непцето на пациентот не е прекриено со никаква пластика бидејќи мини имплантите обезбедуваат стабилност на протезата. Пред да се поставаат имплантите. протезата се протегаше се до задниот дел на непцето.

 

Нашата ординација

imgimgimgimgimgimg

Повеќе...

Контакт информации

Адреса:
Огњан Прица 27/1
1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389(0)2 2784380
Мобилен 1: +389(0)70 341990
Мобилен 2: +389(0)72 236114
Повеќе информации...

Накратко

Ние сме убедени дека во нашиот Центар за Естетска стоматологија и импланти "Д-р Благоевски" во Скопје ќе добиете висок квалитет на стоматолошки третмани и грижа на клиентите како никогаш досега. Нашите стоматолози нудат стручни стоматолошки услуги, вклучувајќи естетска стоматологија... Повеќе...