Добродојдовте во Македонија

Постои специјално место. Место недопрено, кое што секоја година го искусуваат се повеќе и повеќе љубители на природата и авантуристи. Тоа посебно место е Македонија-каде што убавината и културата се спојуваат и создаваат уникатни искуства.
Комбинирајте квалитетна стоматолошки услуги со добар одмор за пристапни цени!



Ние сме убедени дека во нашиот Центар за естетска стоматологија и Импланти "Д-р Благоевски" во Скопје ќе добиете високо квалитетен стоматолошки третман и грижа за пациентите како никогаш до сега. Сето тоа за многу пристапни цени, едни од најниските во Европа.
Кога планирате да го посетите Скопје и Македонија, погрижете се да имате доволно време за посети. Постојат голем број на интересни места кои треба да се видат. Ние ќе Ви понудиме неколку предлози на места и програми за екскурзија.

Неколку зборови за Скопје

Главниот град на Македонија, Скопје, е синтеза на старото и новото, на антиката, современоста и во иднина богата со можност. Со својата разновидна архитектура, градот Скопје сведочи за долгата историја на големите цивилизации и турбулентни настани. Овде можете да најдете елегантни модерни хотели на калдрмената Отоманска улица, величествени неокласични домови во близина на главната стара Југословенска зграда, елегантни кафулиња, трговски центри, светло-обоени нови установи, како и повеќе Византиски цркви изработени од тули. Археолошката локација на античкиот римски град Скупи се наоѓа на 3 километри (1.8м) северно од Скопје, во близина на селото Бардовци и Злокуќани. Се појавува во 3 г.п.н.е, основан е од Дарданците и брзо се развива во важен регионален центар, при што Римјаните го прават главен град на Дарданската покраина.
Со создавањето на Христијанската Епископија неколку века подоцна, економското и културното значење на градот растеше. Катастрофалниот земјотрес во 518 г.н.е. го уништил градот, но подоцна бил изграден нов града над урнатините, наречен Јустинијан Прима, по неговиот основач, познатиот византиски цар Јустинијан.





Музеј на град Скопје
Она што некогаш беше најубавата железничка станица на Балканот (се додека не беше делумно уништена од земјотресот во 1963 година), денес е Музејот на град Скопје. Часовникот кој се наоѓа над главната влезна врата сеуште покажува 05:17, точното време кога трагичниот настан се случил. Во музејот изложено е Скопје од праисторијата до денес, а исто така често организира уметнички, фотографски, историски, етнографски и други видови на изложба.

Музејот на Мајка Тереза во Скопје


Скопје е родниот град на големиот хуманитарец и добитник на Нобелова награда Мајка Тереза. Гонза, како трето дете во семејството Бојаџиу е родена во семејниот дом на улица Поп Кочина 13 во населбата Влав во центарот на градот на 26 август 1910 година. Семејството Бојаџиу имало долга традиција во занаетчиството , боењето ткаенини и трговијата. Гонза била крстена во Срцето на Исусовата Католичка Црква и успешно завршила основно и средно училиште во црковните училишта, каде што била активен член на драмскиот секција, книжевната секција и црковниот хор. На 12 години оди во манастир, а на 18 години таа станува член на Loreto Order на монахињите. Мајка Тереза, мајка на сиромашните во светот, секогаш се идентификувала со нејзиниот роден град, велејќи:"Ако не беше Скопје, јас не би постоела. Јас сум девојка од Скопје"
Скопје-ресторани

Бројот на ресторани во Скопје расти од ден на ден и нудат различни видови на домашни и меѓународни вкусови. Во последно време популарни ресторани се Уранија, Три Бисери, Идадија, Македонска куќа, Свети Пантелејмон, Софка, Ореов Лад, Огниште и многу други. Интернационалната храна е добро претставена во Скопје преку кинеските, италијанските, индиските, грчките, мексиканските и француските ресторани, кои сите ќе ги најдете во центарот на градот. Покрај тоа има и места како што се пицерии и сендвичари, како и пекари во кои можете да набавите и колачи и бурек ( ронлива пита полнета со месо, сирење или спанаќ).
Охрид-градот и езерото
Охрид се наоѓа на северо-источниот брег на Охритското езеро, според кое е именуван и е несомнено е најубавиот и уникатен од сите македонски градови... Уникатноста на Охритското езеро и историската архитектура се потврдени од страна на УНЕСКО, и претставува чест за градот официјалната ознака како едно од ретките места на листата на културната институција "Светско Наследство". Главните атракции на Охрид се концентрирани на места кои може да се стигни пешки, меѓу тесните улички на стариот град се наредени ресторани и кафулиња совршено прилагодени за релаксирање во летните вечери. Исто така постојат многу кафе барови и ноќни клубови за динамичен ноќен живот. Археолошките наоди укажуваат на тоа дека Охрид е една од најстарите населби во цела Европа. Езерото само посебе е повеќе од 3 милиони години. Градот охрид прв пат се споменува во грчките документи од 353 г.п.н.е., кога беше познат како Лихнидос-"Градот на светлината", многу подоцна , во 879 г.н.е. беше преименуван во Охрид. Името најверојатно потекнува од македонската фраза "Во Хрид", што значи "Градот на ридот". Градот како што го знаеме денес е изграден главно помеѓу 7 и 19 век. Во текот на византискиот период, Охрид станал значаен културен и економски центар, епископски центар на Православната Црква и тука е изграден и првиот словенски универзитет воден од Свети Климент и Свети Наум при крајот на 9 век. На почетокот на 11 век, Охрид за кратко станал главен град на најголемиот македонски средновековен владетел, Самуил, чија тврдина уште претседава со градот денес. За време на Отоманската Империја, Охрид стана седиште на Охридската афтокефална археиепископија ( до 1726). За време на Византискиот подем, градот беше познат по своите 365 цркви и манастири. Овие, како и голем број на сакрални објекти, се зачувани и сочинуваат голем дел од богатото охридско средновековно минато.

Охридско езеро

Охридското езеро е најголемо и најубаво од трите тектонски езера во Македонија.Со нејзините чисти и бистри води заедно со спокојот кој го нуди планината ги плени посетителите уште од праисторијата. Езерото е големо, околу 30 км (18 милји) долго и до 288 метри (945 стапки) длабоко. Со својата единствена флора и фауна која е карактеристична од периодот на терциерот (2-4 милиони години), Охрид е еден од најголемите биолошки резервати во Европа. Повеќето од растенијата и животинските видови во езерото се ендемични и уникатниНајпозната е охридската пастрмка (летница и белвица).
Друго карактеристично за Охрид е постоењето на два видови на јагули, како и правењето на познатите охридски бисери. Овој скапоцен камен е произведен според тајна метода која се пренесува од генерација на генерација. Спортскиот риболов привлекува многу страсни риболовци од Македонија, Европа и светот. Во 1980 година Охридското Езеро беше прогласено за светско културно и природно наследство на УНЕСКО.


Храна и Вино

Македонија има долга и пофална традиција на кулинарски задоволства. Низ вековите, многу цивилизации уживале во тоа што го нуди ова плодна почва. Традиционалната македонска кујна е комбинација од балканските и медитеранските кујни, наследена од турскиот вкус во голема мера кој преовладуваше за време на Отоманската власт. Некои специјалитети, како што се таратур ( салата со јогурт и краставица), пинџур ( салата со пиперки и патлиџани), и светски познатата баклава се карактеристични за Балканската кујна. Друго турско влијание врз храната е телешко на скара кабобс и бурекот, ронлив вид на пита исполнет со шунка, кашкавал, спанаќ, мелено говедско месо и комбинации од него.

Македонските јадења како тавче гравче (печен грав), шопска салата (салата направемна од исечени домати, краставица и кромид, покриена со рендано бело меко сирење), селско месо (кременадли и шампињони печурки во богат Браун сок), пастрмајлија (вид на пица само што овде се става месо,а понекогаш и јајца) и пред се ајвар (национален сос, направен од слатки црвени пиперки). Македонија исто така е позната по своите вина, произведено од невобичаено високо квалитетно грозје, како што се Вранец, класичен Каберне Совињон, Мерло. Денес, неколку винарски визби во Македонија произведуваат прекрасни црвени и бели вина споредливи со француски, италијански и калифорниски вина. Покрај вината, македонските винари произведуваат ракија и мастика.

Доаѓање во Македонија

Со авион: Меѓународниот аеродром во Скопје и Охрид ја поврзуваат Македонија со неколку големи европски градови. Затворените регионални аеродроми во Белград, Софија и Солун исто така можат да се искористат, кои се наоѓаат на неколку часа возење од Македонија.
Бидејќи ние сакаме да се чувствувате удобно во нашата земја, исто така можеме да ви го организираме вашиот превоз од аеродромот до хотелот доколку навреме не известите за вашето пристигнување на скопскиот аеродром.
Со воз: Меѓународен воз кој се упатува двапати дневно, поврзувајќи ги Љубљана, Словенија, и Грција, преку Македонија.
Со автомобил: Меѓународниот автопат Е-75 работи север-југ од Србија до Грција делејќи ја Македонија. Ова е најчестиот начин кој го превземаат туристите за влез во Македонија.
Со автобус: Голем број на автобуски линии ја поврзуваат Македонија со соседните земји и други европски градови.
Ќе ни биде мило да ви помогниме да го организирате вашиот одмор во Македонија. Само дозволете да дознаеме навреме за вашата посета . Повеќето од стоматолошките третмани се остварува во рок од неколку денови, па ќе имате доволно време да уживате во вашиот престој.
Во зависност од вашите интереси, ние можеме да ви организираме различни видови на спортски активности и културни тури со професионален водич

Корисен линк: www.exploringmacedonia.com

Нашата ординација

imgimgimgimgimgimg

Повеќе...

Контакт информации

Адреса:
Огњан Прица 27/1
1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389(0)2 2784380
Мобилен 1: +389(0)70 341990
Мобилен 2: +389(0)72 236114
Повеќе информации...

Накратко

Ние сме убедени дека во нашиот Центар за Естетска стоматологија и импланти "Д-р Благоевски" во Скопје ќе добиете висок квалитет на стоматолошки третмани и грижа на клиентите како никогаш досега. Нашите стоматолози нудат стручни стоматолошки услуги, вклучувајќи естетска стоматологија... Повеќе...