Протетика

image005.gif

Коронки

Стоматолошките коронки се одличен начин за поправка на оштетените заби. Коронките се направени за да се врати заб или група заби во својата природна големина, форма, боја и функција. Овој начин на враќање е чест и се прави или со спојување или со цементирање во место.
Коронката може да се изработи од многу материјали за изработка на заб, во разни бои.
Дури и лошо одржуваните или тешко оштетените заби можат да имаат корист од добро изработена и правилно поставена коронка. Оваа коронка не само што го подобрува изгледот на забот, туку исто така може да го спаси забот кои инаку би бил загубен.

Коронките исто така ја зајакнуваат и ја штитат структурата на другите заби и можат да го подобрат изгледот на вашата насмевка. Доколку се употребува коронка, треба да се изврши третман на забот на кој ќе се постави, но не е секогаш неопходно да се направи третман и пред ставањето на коронката.

Прочитај повеќе.... Како се изработува???

Како се изработува?








Со модерната технологија коронките може да се изработат така што ќе ви дадат сила, убавина и чуство на природен заб. Можат да бидат изработени од злато или порцелан, или комбинација од двете.  

Местењето на коронката бара најмалку две посети на дентален хирург. За време на првата посета се отстранува делот од забот во распаѓање и забот се подготвува за коронката. Големината на оштетениот природен заб е намалена, па коронката ги покрива оштетените области без да зазема премногу место. Заклучокот е донесен откако е ставена привремена коронка.

Наредната посета, привременат коронка се отстранува, постојаниот заб се пополнува и се зацементирува трајно.

Погледни го случајот!

Обезбоен заб

Подготовка на забот

image007_0000.jpg

image009.jpg

Поставне порцеланска коронка

 

image011_0000.jpg

 

Порцеланска коронка

Традиционално коронките беа изработувани од вметнување порцелан во метал. Но металот се одразуваше како црна линија која беше видлива кај непцата над забот со коронка. Денес постојат многубројни системи каде целата коронка се изработува од порцелани. Бојата на забот се одредува според тоа како се рефлектира светлината од забот. Модерните порцелански коронки дозволуваат дел од светлината да навлезе внатре, а пак остатокот се рефлектира од површината. Порцеланските коронки имаат карактеристики на природен заб така што може да се создаде компелтно природен изглед. Изгледот е сличен како кај вистинските заби, па тешко е да се каже кој е вистински, а кој не е.

image013.jpg

image015_0000.jpg

Description: all porcelain crowns picture

Мостови

Мостовите се единици на забната протеза кои се прицврстени за останатите природни заби за да се пополни празнината. Мостот го зазема местото на еден или повеќе заби кои недостасуваат, а резултатите се одлични, и функционално и естетски. Добро направен мост кој се одржува правилно може да трае со години. Коската околу исчезнатиот заб може да продолжи да се повлекува.  
Случај!


Description: bridge before and after picture



Главната функција на мостот е да обезбеди стабилност на вашиот гриз доколку ви недостигаат заби. Кога има изваден заб, околните заби се менуваат во празниот простор. Без мост, како резултат на неусогласеност на забите може да дојде до нестабилност на ...... зглобови и мускули што води кон ТМД.

Мостовите може да се изработат од керамика и да се зацврстат со злато.

Протези

Протезите  остануваат ефикасна метода за замена на изваден заб, поставувајќи ги со отстранлива метода. Протезите обезбедуваат сигурено загризување, ја подобруваат функцијата за џвакање и имаат прифатлиф изглед. Нивните главни недостатоци се што понекогаш се тешко подносливи и го отежнуваат говорот и движењето на устата. Коските на вилицата околу извадениот заб продолжуваат да се намалуваат, а ова може да доведе до постепен колапс на долниот ден на лицето.

Во зависност од клиничката дијагноза, може да обезбедиме:

  • Целосни протези
  • Делумни протези
  • Прецизни Премиум Протези
  • протези над импланти

Нашиот персонал ќе ви објасни и ќе ви ги препорача најдобрите решенија.

Целосните протези  се или "конвенционални" или "итни". Конвенционалната протеза се вградува еден месец откако се изваде сите заби за да се овозможи соодветно заздравување, а итната протеза се вградува веднаш откако ќе се извадат забите. Слабата страна на овие протези е во тоа што може да биде потребно повторно порамнување откако местото ќе заздрави.

Важно е да продолжите со редовните прегледи така што стоматологот ќе може да забележи појава на абнормалности. Како што старееш, твојата уста ќе продолжи да се менува, а коската под протезата ќе се намалува и повлекува. За соодветно одржување со текот на времето, може да биде потребно прилагодување на протезите или испитувања за нови протези. Никогаш не се трудете сами да ја наместите протезата за да го пролонгирате периодот бидејќи може да дојде до губење на коскаата. Кога се двоумите, ве молиме консултирајте се нашите стоматолози.

Делумната протеза е корисна за човек кому му недостасуваат заби, но сеуште има дел од природните заби. Причини за делумна протеза се:

  • " Замена на извадените заби
  • " Подобрување на природната состојба за џвакање
  • " Помош во зачувувањето на природните заби
  • " Помош при спречувањето на или проблемите при лекување на мускулите на вилицата
  • " Подобрување на говорот и самоуверена насмевка
  • " Замена на извадените заби на економичен начин
  • " Во повеќето случаи на заби со коронки не е потребно да се вградува делумна протеза
  • " Делумните протези најчесто се направени од акрил, хром или валпласт

Делумната протеза се очекува да трае околу 5 години во зависност од околностите.

Прецизни премиум протези

Кај некои пациенти е забележана невообичаена појава во устата или вилицата која се нарекува привремена мандибуларна мускулатура и за која се потребни дополнителни премерувања за да може правилно да се вклопи. Кај овие случаи најмногу одговара прецизната премиум протеза која ќе овозможи непречено функционирање со цел извршување на секојдневните активности како јадење, смеење, зборување и сл.
Прецизната премиум протеза вклучува мерење на вилицата со цел стоматологот внимателно да ги копира сите природни движења на вилицата. Мерењето исто така се користи како показател како изгледаат вашите нови заби и како ја чувствувате вие протезата.

Протези над импланти

Стоматолошките импланти во основа се вештачки корени над кои се става протезата. Неколку импланти ке послужат како подлога за протезата обезбедувајќи стабилност при џвакањето, слобода при зборувањето и сл. Имплантите се една од најимпресивните иновации во стоматологијата. Тие еволуираа во успешна и предвидлива наука. .

Имплантите успешно се користат при заменувањето на цела горна или долна вилица. Имплантите се ефикасно средство за стабилизирање на пониските протези, особено кај пациенти со пониски непца.

image020.jpg            image021.jpg

image023.jpgСтоматолошките импланти изгледаат природно и прават да заборавиме дека воопшто ги имаме. Кандидатите за забни импланти мора да имаат одлично орално и општо здравје. За да добиете импланти , треба да имате здрави непца и коска за потпора на имплантите. Исто така мора овие структури постојано да ги одржувате здрави.

 

 

 

Нашата ординација

imgimgimgimgimgimg

Повеќе...

Контакт информации

Адреса:
Огњан Прица 27/1
1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389(0)2 2784380
Мобилен 1: +389(0)70 341990
Мобилен 2: +389(0)72 236114
Повеќе информации...

Накратко

Ние сме убедени дека во нашиот Центар за Естетска стоматологија и импланти "Д-р Благоевски" во Скопје ќе добиете висок квалитет на стоматолошки третмани и грижа на клиентите како никогаш досега. Нашите стоматолози нудат стручни стоматолошки услуги, вклучувајќи естетска стоматологија... Повеќе...