Нашиот тим

img Д-р. Сашка П. Благоевска

Родена е 1980 година во Скопје. Дипломирала на Стоматолошкиот Факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2006 година. Др. Сашка Благоевска е специјалист по Ортодонција

После дипломирањето активно практикува приватна стоматолошка дејност во ПЗУ "Д-р. Благоевски" во Скопје. Посетувала повеќе курсеви од областа на имплантологијата во земјава и во странство меѓу кои позначаен е Курсот за имплантологија и имплантни системи одржан во октомври 2008 година, во Нови Сад, Р. Србија под покровителство на реномираната компанија за изработка на импланти ISOMED од Падова, Р. Италија.

Едукации и усовршувања од областа на естетска стоматологија, безметална керамика CAD CAM технологија, ласерска стоматологија и ласерското белеење. Има добиено сертификат за работа со ZOOM ламбата за естетско белеење. При посета на семинарот за ласерско белеење одржан во април 2008 година во Загреб, Р. Хрватска.

Стручно е обучена за работа со ласер на меки и тврди ткива во стоматологијата Waterlase C100 за што и посетувала повеќе неделен курс во текот на 2009 година во Загреб, Р. Хрватска.
Активно ги користи англискиот и германскиот јазик.
Е-маил: dr.saska@blagoevski.com.mk

img Д-р. Митко П. Благоевски

Роден е 1976 година во Скопје. Дипломирал на Стоматолошкиот Факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Специјалист по Стоматолошка протетика.

После дипломирањето активно практикува приватна стоматолошка дејност во ПЗУ "Д-р. Благоевски" во Скопје.
Активно се едуцира од областа на безметалната керамика, CAD CAM технологија. Континуирано посетува курсеви и семинари за едукација во областа на фиксната и мобилната стоматолошка протетика, ласерска стоматологија и нејзина примена во стоматолошката протетика, имплантологијата и супраструктура над импланти во земјава и во странство, меѓу кои позначаен е курсот за имплантологија и имплантни системи одржан во октомври 2008 година, во Нови Сад, Р. Србија под покровителство на реномираната компанија за изработка на импланти ISOMED од Падова, Р. Италија.
Активно гo користи англискиот јазик.

Е-маил: dr.mitko@blagoevski.com.mk

Нашата ординација

imgimgimgimgimgimg

Повеќе...

Контакт информации

Адреса:
Огњан Прица 27/1
1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389(0)2 2784380
Мобилен 1: +389(0)70 341990
Мобилен 2: +389(0)72 236114
Повеќе информации...

Накратко

Ние сме убедени дека во нашиот Центар за Естетска стоматологија и импланти "Д-р Благоевски" во Скопје ќе добиете висок квалитет на стоматолошки третмани и грижа на клиентите како никогаш досега. Нашите стоматолози нудат стручни стоматолошки услуги, вклучувајќи естетска стоматологија... Повеќе...