Стоматолошка ординација
Ординација +389 2 2784 380
2000+ Лекувани пациенти
98% Задоволство на пациенти
Доверлива стоматолошка ординација

Современа стоматолошка грижа за целото семејство

Во Поликлиника Д-р Благоевски нудиме целосен спектар стоматолошки услуги: превентивни прегледи и хигиена, естетска стоматологија (пломби, избелување), протетика (кронки и мостови), имплантологија, ендодонција (каналски третмани) и детска стоматологија. Работиме со нежна, безболна техника, дигитална дијагностика и строго почитување на протоколи за стерилизација.

20+ Години искуство
150+ Задоволни препораки
4 Работни кабинети

Современа стоматологија со грижа за секој пациент

Посветени сме на прецизна и безболна стоматолошка нега, со дигитална дијагностика, врвни материјали и топол, човечки пристап. Нашата мисија е здрава уста и убава насмевка – без компромис на квалитет.

Современа стоматолошка ординација
Современа опрема и стерилни протоколи
Стоматолошка консултација
Прецизен стоматолошки третман

Пристап фокусиран на пациентот

Секој план за третман го креираме индивидуално – согласно состојбата, навиките и желбите на пациентот, со јасно објаснување на чекорите и цените.

Дигитална дијагностика (RVG, интраорален скенер) и прецизно планирање
Безболна анестезија и нежна техника за комфор при третман
Естетска стоматологија, протетика, ендодонција и имплантологија
Брзи термини и итни интервенции (во работно време)
Запознајте го

Нашиот тим

Dr. Amelia Brooks Стоматолог

Д-р Митко Благоевски

Основач и сопственик на Поликлиника Д-р Благоевски

Специјалист по стоматолошка протетика и имплантопротетика
Д-р Митко Благоевски, специјалист по стоматолошка протетика од 2011 год.,е дел од тимот на Ортолибриум. Негова посебна посветеност е на високо естетски и функционални изработки над поставени дентални импланти,како фиксни така и комбинирани конструкции.
Неговата континуирана едукација во европски реномирани центри за импланто-протетика и неговата долгогодишна работа и искуство се вистински доказ за тоа и огромен успех во секојдневната работа во Ортолибриум.
Посебна пасија му е примена на најсовремени технолошки достигнувања во секојдневната пракса ,а посебно во дигиталната стоматологија. Интраоралниот скенер кој ќе ги замени непријатните отпечатоци е вистинска револуција во корист и на пациентите и на докторот.

Dr. Amelia Brooks Стоматолог

Д-р Сашка Благоевска-Симјаноска

Основач и сопственик на Поликлиника Д-р Благоевски

Специјалист по ортодонција и темпоромандибуларна дисфункција (ТМД)
Д-р Сашка Б. Симјановска - специјалист по Ортодонција од 2011 год. е дел од тимот на Ортолибриум. Нејзина посебна посветеност се темпоромандибуларни нарушувања, ТМЗ водена Ортодонција и посебна пасија има кон естетската неинвазивна стоматологија. Нејзината долгогодишна едукација и искуство се доказ за нејзината работа.
Лингвална ортодонтска терапија, невидливи мобилни алајнери за возрасни пациенти, миофункционална терапија во детската возраст се дел од секојдневната работа во Ортолибриум.
Lumineers сертифициран доктор од 2010год.
Секогаш спремна да ја креира најубавата блескава насмевка.

Dr. Amelia Brooks Стоматолог

Д-р Лилјана Лаушевиќ

Стоматолог

Специјалист по општа и превентивна стоматологија
Д-р Лилјана Лаушевиќ е дел од тимот на Ортолибриум. Како општ стоматолог со долгогодишно искуство секојдневно ги применува најновите методи во конзервативното лекување на болестите на устата и забите – терапија на коренски канали и реставрација на деструирана забна супстанција, лекување и превенција на потпорниот апарат на забите.
Област на посебен интерест – естетска (корективна) и реконструктивна стоматологија – високо естетски пломби; фиксни; мобилни и комбинирани протетски конструкции со примена и на дигитална стоматологија. Секогаш во тек со најновите стоматолошки достигнувања преку постојани стручни едукации.
Со задоволство во служба на Нејзиното височество – ПРЕКРАСНА НАСМЕВКА.

Рецензии

Што велат за нас

Едноставно најдобри.

Ив Стојаноски

Прекрасен амбиент, најмодерна опрема, стручен тим кој ги прати сите новости во светски рамки, доктори од сите области во стоматологијата и на крај задоволни пациенти со убава насмевка на лицето! Голема благодарност до Вас!

Ели Топузовска

Моите деца ги обожаваат, тим кој со неописива анимација успеваат да примамат и детска насмевка.

Даниела Вељовски

Браво, секоја чест на професионалноста.

Наде Гроздановска

Најдобри!!! Одличен професионален тим кои безрезервно и со огромно трпение спремни да одговорат на секое прашање во интерес на одлична соработка.

Мими Серафимова

Одлични!!! Секоја чест.

Драги Јосивоски

Секоја чест за трпението и професионалниот пристап на работа.

Боби Илиевски

Професионалност на високо ниво, и невозможното го направија возможно!

Бобан Попов

„Исклучително професионален тим и пријатна атмосфера. Од првиот преглед се чувствував сигурно и информирано. Резултатите ги надминаа моите очекувања.“

Ана

„Современа опрема, беспрекорна хигиена и многу внимателен пристап кон пациентите. Секој чекор беше детално објаснет.“

Драган

Одлично искуство! Тимот е љубезен, трпелив и навистина се грижи за пациентите. Ги препорачувам со целосна доверба.

Слаѓана

„Од првата консултација до завршниот резултат – сè беше на високо ниво. Благодарен/а сум за посветеноста и вниманието.“

Игор Лазаревски

„Модерен пристап и индивидуално решение за мојот проблем. Се чувствував како приоритет, а не само како пациент.“

Марко

Погледнете ја нашата ординација

Галерија