Адултна ортодонција

Ортодонтски третман кај возрасни пациенти!

Дали ортодонцијата како избор на терапија има возрасна граница?
Едно од најчесто поставуваните прашања од страна на пациентите е сигурно ова прашање „Дали не сум премногу стар да носам фиксна протеза?“ И, нормално, следува логично размислување дека е подобро да се пристапи веднаш кон протетска терапија, односно кон состругување на забите со што веднаш би се добила корекција на забите и естетска реконструкција... Сепак, тоа е исправно кај многу мал број на пациенти. Кај најголем број на пациенти е сосема погрешно, неправилно расоредените заби кои се во добра состојба да се состругаат и да се направат комплетни мостови кои навидум се чини дека се брзо и естетско решение, но носачите под коронките се под огромен притисок на неправилните џвакални сили и многу брзо ќе пропаднат, ќе се уништи потпорниот апарат, се губи коската и за многу кратко време ќе мора да се планира нова работа.

Нашиот организам може да се адаптира на промени, меѓутоа кога промените се постепени тогаш сите ткива имаат време и можност да се прилагодат на новата состојба и тоа е правилниот пат кој ни овозможува една долготрајна терапија, со помош на ортодонски третман. Брзата промена на загризот со протеска рехабилитација може подоцна да даде големи проблеми и во потпорниот апарат и во темпоромандибуларниот зглоб.

Кај повозрасните пациенти обично се соочуваме со изгубени заби, празни простори, разместени заби кои се придвижиле кон празните простори, неправилно поклопување на вилиците, трауматска оклузија...Доколку му дадеме на пациентот избор и му ги објасниме предностите и придобивките на нашиот план на терапија, ортодонтски третман кој би бил подготовка за еден убав и долготраен протетски третман во втора фаза, можно е и да ги послуша нашите совети.

Предпротетска ортодонција е токму изборот на терапија кај многу возрасни пациенти која ни помага да ги распоредиме правилно преостанатите заби во вилиците, да ја позиционираме правилно долната вилица, односно колку можеме со преостанатите заби да го позиционираме правилно поклопувањето на вилиците, да се исправат корените на забите, да се придвижат забите на позиција на која ни одговара за новата протетска рехабилитација. Некогаш сме немале потреба некој импактиран заб да го влечеме од коска, но некогаш, кога пациентот има изгубено многу заби, секој заб плус во протетската конструкција значи поголема стабилност, подолготрајност, поуспешен третман.
Абрадирањето, односно трошењето на забите е честа појава и некако нормална со текот на годините, но кога имаме неправилно поклоување на вилиците и неправиле загриз, абрадирањето е огромно. Ортодонскиот третман ќе ни помогне да ги заштитиме нашите заби, бидејќи кога џвакалните сили ќе бидат правилни, тогаш стануваат корисни. Во спротивно се штетни и за забите и за потпорното ткиво, а тие се правилни кога имаме правилно распоредени заби и правилен загриз. Силиконските маски ќе ги ублажат силите, но добро е долготрајно да го решиме проблемот..
Темпоромандибуларна дисфункција е посебен синдром, склоп на повеќе симптоми кои се јавуваат поврзани со неправилната позиција на долната вилица и темпоромадибуларниот зглоб во черепот. А тоа се зуење во увото, болки во пределот на зглобот, главоболки, тензија во вратната мускулатура, вртоглавици... Во тој случај ортодонскиот третман, во комбинација со сплинт терапија, ќе биде многу успешен во решавањето на хроничната болка и во можноста сите зглобни структури полека да се адаптираат на новата позиција на зглобот и долната вилица. Премногу е ризично таков пациент веднаш да се третира протески, поради осетливоста на структурите во зглобот и нивната немоќ да се прилагодат на промената веднаш по поставувањето на новите заби.
Некогаш постојат возрасни пациенти кои ги сочувале одлично своите заби, но не им се убаво подредени и сакаат естетски да си ја дотераат насмевката. Нема ништо поубаво од природни убави заби и убаво наредени. Си имаат индивидуалност и посебна убавина. Секако дека на тие пациенти им е достапен современ ортодонски третман кој ќе им ја врати самодовербата од младоста и ќе им овозможи да уживаат во насмевката.
Ортодонтската терапија е посебно важна при планирање на секоја покомплексна рекострукција и сакаме да ја истакнеме нејзината важност, посебно кај деца и адолесценти, но и кај возрасни пациенти. А во современата ортдонција пациентите имаат огромен избор и на естетски ортодонтски третмани - лингвална ортодонција, порцелански системи, алајнери..кои ќе ви овозможат да стигнете до целта поудобно и покомфорно. Важно е да се знае дека ортодонцијата нема возрасни ограничувања, исто како и нашата желба за совршена насмевка!

Закажете консултација

+389 2 2784 380