
Забниот камен – тивок причинител на сериозни заболувања | Гостување на д-р Сашка Благоевска-Симјаноска на Сител ТВ
Д-р Сашка Благоевска-Симјаноска гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител телевизија, каде што зборуваше за еден од најчесто потценетите проблеми во оралното здравје – забниот камен.
Д-р Сашка Благоевска-Симјаноска гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител телевизија, каде што зборуваше за еден од најчесто потценетите проблеми во оралното здравје – забниот камен.
Во текот на гостувањето, д-р Благоевска Симјаноска објасни како настанува забниот камен, зошто не смее да се игнорира и како може да придонесе не само за заболувања на непцата и губење на забите, туку и за појава на посериозни општи здравствени проблеми. Таа ја истакна важноста од редовни стоматолошки прегледи и професионално чистење како клучни превентивни мерки.
Со ова гостување, целта беше подигнување на јавната свест за значењето на оралното здравје и потсетување дека навремената превенција и правилната орална хигиена имаат голема улога во зачувувањето на целокупното здравје.
Во Поликлиника Благоевски, едукацијата и превенцијата се во сржта на нашата мисија – затоа што здравата насмевка е дел од здравиот живот.


