Стоматолошка едукативна работилница со учениците од ООУ „Коле Неделковски“

Грижата за оралното здравје започнува уште во детството. Токму затоа, со големо задоволство бевме дел од едно прекрасно, едукативно и исполнето дружење со дечињата од ООУ „Коле Неделковски“.

 

Грижата за оралното здравје започнува уште во детството. Токму затоа, со големо задоволство бевме дел од едно прекрасно, едукативно и исполнето дружење со дечињата од ООУ „Коле Неделковски“.

Преку разговор, демонстрации и интерактивен пристап, децата научија зошто е важно редовното миење на забите, како правилно да се одржува оралната хигиена и зошто насмевката е едно од најважните богатства што ги имаме.

Низ игра и дружење, стравот од стоматолог се претвори во љубопитност и насмевки – а тоа е нашата најголема награда.

Во Поликлиника Благоевски веруваме дека едукацијата е клучот за здрави навики и здрави насмевки кои траат цел живот. 💙

Закажете консултација

+389 2 2784 380