
Предноста на MEMORY SHAPE ALIGNERS на GRAPHY
Од дигитален отпечаток до директно принтани АЛАЈНЕРИ!
Graphy е прв бренд што нуди 3D-печатени алајнери Memory Shape, создадени со прецизна технологија. Користејќи ја оваа технологија на Graphy, обезбедуваме удобен и ефикасен начин за исправување на забите.
Денес класичните метални протези може да се заменат со силиконски алајнерни протези GRAPHY.
MEMORY SHAPE ALIGNERS
Последната деценија алајнерите претставуваат најнов револуционерен метод во ортодонцијата за исправување на забите, метод што ги задоволува сè повеќе естетските барања на пациентите заинтересирани за ортодонтски третман.
Дигитализацијата во стоматологијата даде огромен успех во делот на ортодонцијата, каде што има дигитално пренесување на ортодонтски анализи во софтвер, со помош на кој специјалистот ортодонт му дава насоки на софтверот за да се направи симулација до завршување на третманот и изработката на потребниот број алајнери, односно т.н. невидливи фолии-исправувачи.
Можностите на ортодонтскиот третман со алајнери последните години сè повеќе стануваат преферирана терапија во однос на другите ортодонтски методи, особено во случаи кога се бара естетски ортодонтски третман. Технологијата на GRAPHY овозможува подобра прецизност, поголема удобност, побрз третман и естетски ортодонтски апарат, при што се постигнуваат одлични резултати за сите возрасни групи.
Graphy е прв бренд што нуди 3D-печатени алајнери Memory Shape, создадени со прецизна технологија. Користејќи ја оваа технологија на Graphy, обезбедуваме удобен и ефикасен начин за исправување на забите.
Целата процедура започнува со земање дигитален отпечаток, скен од двете вилици со нивните меѓувилични односи, дентални фотографии, како и дигитални рендгенски снимки на пациентот. Сите овие информации се пренесуваат во ортодонтскиот софтвер, каде што специјалистот ортодонт прави анализа на случајот и потоа се почнува со виртуелната терапија. Забите се поместуваат постепено, со придвижувања од 0,25 до 0,3 мм во една фаза, сè до завршниот посакуван резултат. На крајот се добива симулација од целиот случај при што уште на почетокот се гледа резултатот од терапијата. Тоа може да го види и пациентот и да добие претстава за подоцнежниот изглед на неговите заби.
Вака подготвената анализа, доколку биде одобрена и од пациентот, се подготвува за изработка на фолиите што се направени од многу тенка цврста пластика во неколку дебелини, кои многу интимно налегнуваат на забите и прават мал притисок врз нив до одреденото придвижување. Во зависност од комплексноста на случајот, се изработуваат и толкав број алајнери и се менуваат по редослед како што настануваат поместувањата на забите. Секоја фолија се носи седум дена по 22 часа во денот.
Предноста на алајнерите GRAPHY во однос на класичните фолии, главно, е во тоа што се направени со:
• Нова технологија на ефект shape memory, која овозможува попрецизно налегнување на алајнерите врз забите, полесно поставување и вадење, покомфорен третман и подобри резултати.
• Можност за топлинска дезинфекција без да ја изгубат формата, што е невозможно кај другите алајнери. Една минута се вријат во вода, по што стануваат меки и свиленкави, па така се поставуваат на забите, а на температурата на телото ја враќаат својата првобитна форма.
• Поголема транспарентност.
• Попрецизно производство – тие директно се печатат 3D, без термоформирање на модел, со што се намалува можноста за грешка и се скратува времето на изработка.
Третманот е однапред предвидлив и временски тераписки, се знае точниот број алајнери и, доколку пациентот ги следи упатствата од ортодонт, терапијата ќе заврши во определениот временски рок.
Современата ортодонција значи многу повеќе од исправување на забите, без оглед која технологија ќе ја примени ортодонтот: терапијата мора да ги коригира меѓувиличните односи, позицијата на долната вилица во черепот, балансирањето на виталните функции што ќе му дадат на пациентот една здрава и убава насмевка, па дури и со алајнери, бидејќи ортодонтскиот третман никако не е козметичка стоматологија.
А за пациентите што не се откажуваат од својот комфор, memory shape aligners на Graphy се соодветен ортодонтски третман без голема ангажираност на пациентот – невидливо, комфорно и брзо.







