РАСТОЈАНИЕ ПОМЕЃУ ЗАБИТЕ – ПРИЧИНИ И РЕШЕНИЈА

д-р Лилјана Лаушевиќ
специјалист по општа и естетска стоматологија

Сигурно некогаш досега сте слушнале дека растојанието (дијастема) помеѓу горните единици им дава посебна карактеристка на лицата кои го имаат и дека нивната насмевка не би била таа што е да не постои тоа растојание. Како што обично велиме, убавината е во окото на набљудувачот. Индивидуално е дали некому тоа растојание помеѓу забите му се допаѓа или не.
Некои луѓе едноставно се сродуваат со таа своја карактеристика и дури ако во текот на животот дојдат во ситуација да своите заби треба да ги заменат со вештачки – бараат и вештачките заби да имаат растојание. Од друга страна, поголем процент од луѓето тежнеат кон совршен забен низ и би сакале на некој начин да го решат растојанието помеѓу забите.
Што е дијастема на забите?

1.jpg


Дентална дијастема е забележителен простор или растојание кое може да се појави помеѓу забите. Иако може да се појави било каде во вилицата, најчеста и најочигледна локација се горните предни заби. Треба да се знае дека појавата на дијастема кај деца е физиолошка сѐ додека не израснат вторите молари и канините и тогаш таа се затвора сама.
Причина за дијастеми на забите
• Генетски фактор,
• Длабок припој на френулумите (изразени ресички во усната празнина),
• Ортодонтска аномалија,
• Парадентоза,
• Лоши орални навики (цуцла, цицање на палец, грицкање на долна усна па дури и пирсинг на јазикот),
• Макроглосија (голем јазик).
Постојат неколку начини за решавање на растојанието помеѓу забите и добивање на совршена насмевка.
1. Композитните пломби се наједноставно и најбрзо решение. Забите за оваа интервенција не се стругаат, туку на нив се поставуваат пломби на начин да изгледаат како пририоден дел од забот. Но, со текот на времето материјалот за пломба може да ја промени бојата, па е потребно да се замени.
2. Фасетите (винири) и порцеланските коронки, посебно безметалните, се добро решение за луѓето кои освен просторот помеѓу забите сакаат да го подобрат целокупниот изглед на забите. Со оваа метода е можно да се влијае на обликот, бојата и големината на забите. Ова е долгорочно решение, бидејќи овој вид на материјал не ги менува карактеристиките со текот на времето. Но, од друга страна за оваа интервенција потребно е стругање на забите.
3. Фиксни протези како решение за луѓе кои имаат растојание помеѓу повеќе заби, па е потребна комплетна рехабилитација на загризот.
1.jpg

4. Проѕирни исправувачи (алајнери) како ортодонтски апарати се многу популарен третман меѓу пациентите поради нивната дискретност (скоро невидливи, бидејќи се проѕирни), едноставност и ефикасност.
1.jpg 5. Доколку растојанието е присутно само помеѓу горните единици, а причината е јак и изразен френулум, со мала и едноставна хируршка интервенција во локална анестезија, френулумот (ресичката) се остранува. Во зависност од возраста, можно е после интервенцијата забите да се спојат сами од себе.
Секоја од наведените методи може да помогне во исправувањето на растојанието помеѓу забите за да се чувствувате посигурно и поубаво со својата насмевка.

Закажете консултација

+389 2 2784 380