
Протетската рехабилитација го обновува изгледот, функцијата и стабилноста на забниот систем кога има поголеми оштетувања, абразии или недостиг на заби. Работиме со индивидуален план заснован на клинички преглед, дигитални отпечатоци и оклузална анализа. Нудиме фиксни решенија — круни и мостови (циркониум, e.max, метал-керамика) — како и естетски винири за фронталната регија. Кога недостигаат заби, изработуваме имплант-поддржани круни/мостови или прецизни мобилни протези со атечмени. Секоја реставрација се изработува по мерка со внимателно усогласување на боја, форма и загриз, за стабилно џвакање, јасна дикција и природна насмевка.

6. Протетска рехабилитација
Giving you one more reason to smile

Терапијата се одвива во јасни чекори: припрема и привремени реставрации за удобност, дигитално скенирање и лабораториска изработка, проба (mock-up/try-in) со можност за корекции, финално цементирање и инструкции за одржување. По потреба правиме оклузална балансирација и изработка на заштитна ноќна шина при бруксизам. Контролите се кратки и насочени кон трајност на резултатот. Целта е долгорочна функционална и естетска стабилност — реставрации што изгледаат природно, се удобни и ја враќаат самодовербата при насмевка и џвакање.


